Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога
    • Карпош засилено контролира: Седум казни за несовесно одлагање отпад
    • Кривична пријава против поранешен директор – Фирма стекнала 3,4 милиони денари
    • Бугарија се уште не го известила МНР за евентуална средба во четврток
    • Сообраќајка го разбуди Скопје – Се судрија две коли и камион
    • Месечна прогноза: Вистинска есен и малку зима на крајот од октомври
    • ВИДЕО: Крадци со „финта” пробаа да и избегаат на македонската полиција
    • Муцунски со новиот грчки амбасадор: Ќе ги продлабочуваме билатералните односи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дневен хороскоп: Близнаците ќе донесат конечна одлука, Јарецот ќе затвори едно поглавје

    Дневен хороскоп: Близнаците ќе донесат конечна одлука, Јарецот ќе затвори едно поглавје

    04.12.2025 во 09:424 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Овен

    Овој ден ви носи конфузија во разговорите, имате намера да бидете искрени, но некој ве разбира половично и создава непотребна тензија. Опозицијата Месечина–Венера го прави секој контакт чувствителен, а полната Месечина ве повикува да ги расчистите мислите и да go кажете само она што е навистина важно. Денес учите дека вистината не мора да биде жестока за да биде силна.

    Бик

    Tешко  ви е да ги разберете туѓите мотиви, зборуваат едно, мислат друго, и тоа ве заморува. Опозицијата со Венера создава впечаток дека некој не ви излегува во пресрет или дека избегнува јасен одговор. Но полната Месечина ви го стабилизира умот: разбирате што е суштинско и што е само шум. Денес правите разумен избор што ве ослободува.

    Близнаци

    Полна Месечина во вашиот знак – ова е ваш ден. Но не започнува лесно: опозицијата со Венера создава мали недоразбирања, површни кавги и чувство дека другите не ве сфаќаат како што сакате. Но како што напредува денот, се расчистува сè – идеите, разговорите, плановите. Ова е момент кога конечно донесувате одлука што ја одложувавте.

    Рак

    Емоциите ви се на работ – не сакате конфликт, но денес лесно ви пречат туѓите зборови. Опозицијата Месечина–Венера ви создава внатрешен немир, а полната Месечина во Близнаци ви ги буди сите мисли што сте ги туркале настрана. Денес ќе чувствувате олеснување кога конечно ќе си признаете што ви предизвикува тешкотија и товар.

    Лав

    Овој ден ви носи луѓе кои ве нервираат без да сакате. Опозицијата со Венера прави сè да биде почувствително од обично, па лесно го губите фокусот. Но полната Месечина ви помага да ги расчистите плановите и да видите каде треба да се вложите. Вашата енергија се враќа кога ќе престанете да слушате непотребни коментари.

    Девица

    Разговорите денес ви се тешки, не затоа што не знаете што сакате да кажете, туку затоа што некој околу вас оди премногу брзо или премногу површно. Опозицијата со Венера создава впечаток дека вашата аналитичност никој не ја слуша. Полната Месечина, пак, ви покажува како да завршите нешто што одамна го влечете.

    Вага

    Наутро имате чувство дека сите околу вас зборуваат на различен јазик. Опозицијата Месечина–Венера создава тензија во односите, како да никој не сака да го слушне другиот до крај. Но полната Месечина во Близнаци ви носи ментална леснотија, конечно ја гледате целата слика и знаете што сакате да направите понатаму.

    Шкорпија

    Опозицијата со Месечината ви брка мир – зборувате внимателно, но луѓето ве сфаќаат изопачено. Денес ви се буди и стара фрустрација што сте ја потиснувале. Полната Месечина, сепак, ви носи увид: конечно гледате која динамика не ви одговара и што треба да се прекине.

    Стрелец

    Денес лесно ги повредувате другите без намерa – Венера во вашиот знак прави опозиција со Месечината, па импулсивните коментари излегуваат брзо. Но полната Месечина ви ја расчистува главата: сфаќате што навистина сакате да каже­те и можете да поправите недоразбирање.

    Јарец

    Овој ден ви создава чувство дека секој разговор носи ризик од погрешна интерпретација. Опозицијата прави луѓето да бидат чувствителни, а вие станувате уште поодмерени од обично. Полната Месечина, сепак, ви помага да го затворите едно поглавје – задача, договор или процес што ви тежел.

    Водолија

    Наутро имате чувство дека секој разговор е претежок или премногу личен. Опозицијата со Венера носи несогласувања околу ситници, а вие не сакате драма. Но кога ќе настапи полната Месечина во Близнаци, конечно се ослободува ментален простор: идеја, порака или разговор си го наоѓаат вистинскиот момент.

    Риби

    Денес ви е тешко да кажете што чувствувате без да изгледа премногу или премалку. Опозицијата со Венера создава конфузија во емотивниот дел, а вие се повлекувате. Полната Месечина во Близнаци ве тера да ги расчистите мислите – кога ќе го направите тоа, зборовите ќе дојдат сами.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ќерката на Цеца го покажа синчето – „Бесоните ноќи се тешки, но и посебни”

    06.10.2026 во 09:06

    Денес ништо нема да биде случајно: Хороскоп за 6 октомври

    06.10.2026 во 08:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.