ДКСК: Не сме во можност да ги објавиме информациите кои ги бара Рашковски поради тајноста на постапката

Се огласија и од ДКСК, по барањето на Драги Рашковски во врска со неговото барање да одговорат на неколку прашања, за кои велат дека не можат да ги одговорат поради тајноста на постапката за конкретниот случај.

„Во врска со реакцијата од 29 декември 2021 година, на семејството на Драги Рашковски поранешен генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, за донесената одлука на јавната редовна 58 седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по предмет оформен по сопствена иницијатива за проверка на вистинитоста на податоците од Анкетниот лист и Изјавата од интереси, ја известуваме јавноста:

ДКСК ги спроведува своите надлежности врз основа на прибирани податоци, информации и документи од надлежни институции, без намера “замајување на јавноста“ или “ намера да и се наштети на нечија личност“. Според член 17 став 5 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, ДКСК има надлежност да покренува иницијатива пред JO, за поведување постапка за кривично гонење за предметите во кои посто сомневање за можни злоупотреби“, велат во соопштението од ДКСК.

„Поради тајноста на постапката во конкретниот случај, ДКСК не е во можност да ги објави бараните информации, a целокупната документација ке ја достави до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, која е надлежна мериторно да одлучи“, додаваат оттаму.

29.12.2021 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега