Дисциплинска постапка за двајца полицајци за случката при излегувањето од притвор на Мијалков

Против двајца полицајци од затворската полиција ќе се покрене дисциплинска постапка поради нивната реакција при излегувањето од притвор на Сашо Мијалков вчеравечер, изјавил директорот на Затвор Скопје Филип Андов за Радио МОФ.

Ваквата одлука доаѓа откако Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) го осуди односот на полицаец, за кој велат дека истурка новинари и сниматели и ги попречил во вршењето на нивната работа. Tие посочија дека ќе повикаат на одговорност од МВР, како и од директорот на затворот.

Дополнително, Андов објаснува дека постапката се покренува и поради неуредно спроведен протокол за испраќање на притворено/затворено лице до стражарското место при ослободување, пренесува Радио МОФ.

30.12.2021 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега