Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитровска: За две години инвестирани над 21 милион евра за спортски проекти 

    Димитровска: За две години инвестирани над 21 милион евра за спортски проекти 

    14.07.2026 во 11:362 Mins Read
    ВМРО-ДПМНЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По долги години на дното на листата за државни приоритети, со ВМРО-ДПМНЕ на власт спортот се враќа во фокусот на Владата и го добива заслуженото место, истакна на прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ,  Катерина Димитровска.

    -Спортот е област во која треба да се инвестира сега, за резултатите и ефектите да се почувствуваат по извесно време на многу труд, напор, тренинзи на генерации млади спортисти. За да можат посветено и безгрижно младите надежни спортисти да се посветат на нивниот развој, напредок и постигнување резултати, потребно е државата да инвестира и да обезбеди соодветна модерна и современа спортска инфраструктура. Тоа го прави Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде за две години се инвестирани над 21 милион евра за реализирање и отпочнување на нови спортски проекти, вели таа.

    Додава дека до сега реализирани и отпочнати се 60 проекти како што се спортската сала „Расадник“, атлетските патеки во Велес и во Гевгелија, спортската сала во Радовиш, салата на УКИМ, нови спортски сали во Општина Аеродром, во Крушево и во Воената академија во Скопје, нови трибини на Градскиот стадион во Тетово. Изградени и реконструирани се безброј игралишта, мултифункционални терени и спортски објекти, посветено се работи и на деветте базени низ државата кои се во различни фази на реализација.

    -Исто така, се воведе потранспарентен систем за распределба на средствата, со јасни критериуми и со цел државната поддршка за спортот да биде насочена кон спортистите, клубовите и федерациите. Ова не се само бројки кои убаво звучат. Ова се средства кои значат поддршка и овозможуваат подобри услови за развој на спортот и спортистите. Вложувањето во спортската инфраструктура значи изградба на објекти во кои ќе тренираат нашите деца. Ова се инвестиции што ќе останат за генерациите што доаѓаат. Со конкретните инвестиции во спортот, покажуваме дека проблемот никогаш не бил во парите, проблемот бил во приоритетите. Кога спортот не е приоритет, се бараат само изговори, а кога спортот ќе стане државен приоритет, како сега, тогаш се градат сали, базени, атлетски патеки и игралишта. На спортот и младите не се штеди, во спортот и младите безрезервно се вложува и инвестира, а токму тоа го прави Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вели таа.

    Just In Влада
    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.