Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитров по снимката од Лепенец: „Следниот што ќе фрла ѓубре во река – да го фрлиме и него“

    Димитров по снимката од Лепенец: „Следниот што ќе фрла ѓубре во река – да го фрлиме и него“

    18.09.2026 во 09:16Updated:18.09.2026 во 09:203 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров предлага измени на законската регулатива со кои би се овозможило поефикасно санкционирање на несовесното однесување на граѓаните, особено кога станува збор за незаконско фрлање отпад.

    Како пример за вакво однесување се посочува неодамна објавената снимка на која се гледа жена како излегува од автомобил „Порше“ во близина на реката Лепенец, по што остава отпад на локацијата и си заминува.

    -Првиот инстинкт кога ја видов снимкава ми беше да предложам еден нов граѓански договор: следниот што ќе го фатиме како фрла ѓубре во река – да го фрлиме и него во реката.

    Но, ајде да бидеме ние големи и да видиме што од ова конструктивно може да излезе.

    Еве еден предлог:

    „Госпоѓата“ со Поршето, која излезе од автомобилот, си ја фрли кесата со ѓубре во Лепенец и на жената што ја сними уште ѝ мавна со „чао“, е пронајдена и казнета.

    Арно ама казната според Законот за јавна чистота е 40 евра. Ако ја плати навреме – 20 евра.

    Дваесет евра за намерно да фрлиш ѓубре во река. Навистина е смешно. И трагично.

    Затоа, еве конкретна иницијатива: да се изменат членовите 14, 33 и 40 од Законот за јавна чистота, како и да се усогласи член 134 од Законот за управување со отпадот, така што за намерно фрлање отпад во реки, езера и други водни тела да има:

    Минимална глоба од 1000 евра + задолжителна општокорисна работа, најдобро токму во комуналните служби – чистење на она што некој друг решил да го фрли.

    Патем, законот веќе познава општокорисна работа, но судот само може да ја изрече.

    За вакви случаи треба и мора да биде задолжителна.

    Инаку, Законот за управување со отпадот, најдиректниот и посилниот основ, бидејќи конкретно го опфаќа оставањето/фрлањето отпад во или покрај водни тела (реки, езера итн.), е со глоба 250 € за физичко лице (член 37 став 6, во врска со член 134 став 3.)

    И огромна почит за жената што ја снимила. Така се чува јавниот простор и така се создава притисок за институциите да си ја работат работата.

    Еве нема да ги фрламе, ама мораме да ги снимаме!

    А за „госпоѓата“ со Поршето што да се каже… Вие сте брука.

    Голема брука. И богами се прославивте!

    Чао

    P.S: Ако сте ЗА, “Солуција” ќе покрене акција за законски измени!, напиша Димитров на Фејсбук.

    Снимката предизвика реакции во јавноста, особено поради тоа што фрлањето отпад на несоодветни места е еден од проблемите со кои подолг период се соочуваат повеќе локации во Скопје и околината.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе

    06.10.2026 во 12:47

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.