Димитров: Не може во Уставот да впишеме бугарска заедница, а Бугарија да не е на чисто со македонскиот идентитет

Поранешниот шеф на дипломатијата Никола Димитров во изјава за медиумите пред панел дискусијата организирана од Институтот за демократија (ИДСЦС) и Институтот за европска политика (ЕПИ) по повод презентација на документот „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“, оцени дека со францускиот предлог се оди под нашите позиции и цревени линии, и се весуваат билатералните прашања во преговарачката рамка.

 

Димитров додава дека таа концесија е направена многу лесно, без притоа да се побара во најмала рака Бугарија да ја тргне унилатералната декларација од македонскиот јазик, а одговорноста за тоа ја префрла на Владата. 

-Не може во Северна Македонија ние да впишуваме бугарска заедница во Уставот на барање на Бугарија, а Бугарија за мнозинскиот народ, за македонскиот народ кој зборува македонски јазик, уште не е на чисто со македонскиот идентитет. Ние не бараме да ни го признае јазикот. Државите не признаваат јазици, но имаат обврска да го почитуваат правото на самоизјаснувње и самоопределување на македонсккиот народ. Тоа што го направи Грција со Преспанскиот договор. Проблемот на овој предлог е прво што не го решава македонско – бугарскиот проблем затоа што негирањето уште постои.  Додека Бугарија не се откаже од таа агенда, да не отрезни нас Македонците, тој проблем нема да биде решен, и ние не можеме да го затвориме македонското прашање со последнта држава која што има проблем со тоа, тоа е Бугарија, оценува Димитров. 

20.06.2022 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега