Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриевски: Во вторник ќе го имаме конечниот епилог за владината реконструкција

    Димитриевски: Во вторник ќе го имаме конечниот епилог за владината реконструкција

    27.06.2026 во 14:234 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска изјави дека конечниот епилог околу најавената реконструкција на Владата ќе биде познат во вторник, нагласувајќи дека во моментот на маса се ставени многу идеи и опции.

    Димитриевски појасни дека како владини партнери сè уште немаат постигнато конечен договор, но потенцираше дека по оваа реконструкција неговата партија ќе излезе кадровски зајакната.

    Околу преговорите со коалициските партнери, првиот човек на ЗНАМ истакна:

    „Ние како владини партнери, а слушам и ВЛЕН исто така, како третиот партнер во власта, сè уште немаме постигнато конечен договор. Јас можам да говорам исклучиво во името на ЗНАМ, неговите членови, поддржувачи и сите негови кадри. Но, од друга страна, секогаш е потребно да преземете дел и од одговорноста во власта. И едно можам со сигурност да потврдам – дека по оваа владина реконструкција, ЗНАМ ќе биде посилен и кадровски и со потенцијал и во дел на располагање на директна имплементација на власта во ресорни министерства и пониски ешалони на власта. Ги отфрлам сите шпекулации што доаѓаат првенствено од портали што се директно брифирани и за жал, некои од нив служат како апологети на опозицијата, којашто нè донесе во една тешка ваква социо-економски состојба во државата, а исто така и граѓаните. И велам – ајде да почекаме и да го видиме конечниот епилог“

    Тој ги демантираше медиумските написи дека партијата би можела да изгуби одреден ресор, но потврди дека во политиката сите комбинаторики остануваат отворени до официјалниот договор.

    Лидерот на партијата се осврна и на односите со актуелните министри од неговите редови, порачувајќи:

    „Многу понуди се на маса, ќе изброиме до три, а потоа ќе пресечеме и конечниот епилог ќе го имаме во вторник. А јас, инаку и со господинот Минчев и со господинот Филков и со сите луѓе со коишто заедно ја создадовме ЗНАМ, првенствено сме другари, лични пријатели и обединети околу една заедничка кауза, а тоа е Движењето ЗНАМ за наша Македонија, коешто е формирано од граѓаните и за граѓаните. Бидејќи нам, личниот и политичкиот интерес ни е многу помалку битен во однос на она што значи граѓански и општ интерес за сите. Не би сакал да ги коментирам шпекулациите во јавноста. Постојат многу медиуми што брифираат врз база на принципот „рекла-кажала“ и не би сакал да се спуштам на тоа ниво“

    Партискиот лидер посочи дека конечните кадровски решенија и предлози ќе ги донесат највисоките тела на партијата, односно Централниот и Извршниот одбор.

    Димитриевски оцени дека тие како нов субјект веќе даваат сериозен придонес за стабилизација на државата:

    „Треба да го дадете и вашето мислење за останатите ресори со коишто менаџираат останатите претставници во власта коишто доаѓаат од владините партнери, а да го слушнете и нивното мислење во однос на вас, за да не преовлада субјективизмот. Како и да е, ние сме задоволни од министрите коишто менаџираат со ресорите во моментот. ЗНАМ как нов политички субјект, којшто активно партиципира во оваа власт и ја има усогласено владината програма на којашто работи во рамките и на двете министерства, но и во пониските ешалони на власта, дава сериозен придонес оваа Влада да работи квалитетно и просперитетно и перспективно. Факт е дека оваа Влада, работите првенствено ги враќа на позитивна нула, а потоа ги придвижува напред. Затекнавме многу лоша состојба во државата од сите аспекти и факт е дека мора да санираме, а потоа и да продолжиме“

    На крајот, Димитриевски потенцираше дека премиерот го има легитимното право да прави кадровски комбинаторики, а нивно право е дали ќе се согласат:

    „Тоа впрочем го потврди и господинот Кошта како висок претставник на Европската Унија, којшто на неговиот брифинг токму со вас укажа дека и тоа како се забележливи резултатите на нашите министри. Но, како и да е, сепак политиката е компромис, разговори, договарање. Ние сме соочени со реконструкција на Владата и првенствено, сите активности во тој дел се менаџирани од страна на премиерот и мандатарот, којшто има апсолутно свое право да посочи, укаже, да направи одредени комбинаторики во делот на распределбата на власта помеќу владините партнери, а наше е дали ќе се согласиме со тоа или не“

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.