Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриевски во „Аргумент плус“: СДСМ губи членство поради затвореност идеструктивен наратив

    Димитриевски во „Аргумент плус“: СДСМ губи членство поради затвореност идеструктивен наратив

    25.12.2025 во 20:533 Mins Read
    Screenshot
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија и актуелен градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во вечерашното гостување во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24 отвори повеќе клучни политички теми, испраќајќи јасни пораки за состојбите во македонската политика, реформите во правосудството и европската перспектива на државата. Димитриевски остро реагираше на недоличниот јавен дискурс и конфронтативниот однос на раководството на СДСМ кон новинарите и јавните личности, посочувајќи дека ваквиот наратив е резултат на погрешни и деструктивни ПР-стратегии.

    „Не само ПР-стратегијата, туку и ПР-консултантите кои им се донесени од Србија, едноставно не знаат ништо друго освен да водат деструктивни политики, бидејќи резултатот од нивното делување е она што во моментов се случува во Србија“ истакна Димитриевски.

    Тој нагласи дека токму поради растечкото незадоволство кај членството, кое „има прекрасни луѓе што никогаш не добиваат шанса“ се случува природен трансфер од СДСМ кон Движењето ЗНАМ. Непрепознатливата идеолошка матрица на СДСМ, според Димитриевски, денес вистински се наоѓа во ЗНАМ и е јасно базирана на темелите на АСНОМ и Илинден.

    Во рамки на ЗНАМ, како што истакна, отворено и демократски се дискутира за сите прашања, како на Централниот, така и на Извршниот одбор, а тоа најдобро го потврдуваат бројките и постигнатите резултати. Тој додаде дека нападите насочени кон ЗНАМ од страна на СДСМ во изминатите години не дале никаков ефект, што уште еднаш се потврди и на последните избори. Претседателот на ЗНАМ даде силна поддршка за работата на министерот за правда, Филков, оценувајќи дека реформската агенда се спроведува сериозно и одговорно.

    „Голем број закони се веќе во владина и парламентарна процедура. Законот за Судскиот совет ќе биде донесен, и покрај обидите за блокада од опозицијата“ изјави Димитриевски. Тој оцени дека ваквите опструкции претставуваат обид на поранешната власт да ги зачува последните механизми на влијание врз системот, но нагласи дека реформите се неминовни.

    „Македонија заслужува непристрасно, професионално судство. И ако реформите задоцнат месец или два – тие ќе се случат“ порача Димитриевски. Во однос на патот кон Европската Унија и состојбата со источниот сосед, тој нагласи дека се неопходни цврсти гаранции од Европската Унија и реципроцитет од страна на Софија, особено во однос на почитувањето на одлуките од Стразбур.

    „Македонија е географски и вредносно дел од Европа и мора да стане членка на ЕУ. Нашите граѓани го поддржуваат тоа, но Европа мора да покаже поголема флексибилност и да најде начин билатералниот проблем да не се решава на мултилатерален начин“ истакна Димитриевски.

    Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија останува доследно на својата заложба за демократска политичка култура, длабоки институционални реформи и јасна, достоинствена и европска иднина на државата.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.