Димитриевски: Да се трудиме да останеме сплотени и единствени како држава

 


Претседателот на Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија Максим Димитриевски упати честитки по повод независноста на Република Македонија.

Со должна почит денеска ја одбележуваме 33-годишнината од осамостојување на независна и суверена Република Македонија, како остварување на трудот
и пожртвуваноста на многу генерации, истакна Димитриевски.

“Да се трудиме да останеме сплотени и единствени како држава, посветено чекорејќи по патот, кој води кон квалитетен живот на сите нас.
Мора да оставиме место за солидарност, заедништво, меѓусебно разбирање и општо добро на секој од нас.

Смело да зачекориме по зацртаниот пат на развој и просперитет. Да бидеме лидери во економски развој, да имплементираме квалитетни проекти за подобар живот на граѓаните, со цел обезбедување сигурна иднина за генерациите, кои допрва доаѓаат.

Нека ни е честит и вековит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!“, напиша во честитката Димитриевски.

08.09.2024 - 12:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега