Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска во Вашингтон: Трезорот на САД е клучен партнер во модернизацијата на македонските финансии

    Димитриеска-Кочоска во Вашингтон: Трезорот на САД е клучен партнер во модернизацијата на македонските финансии

    15.04.2026 во 10:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамки на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), кои се одржуваат во Вашингтон, оствари работна средба со претставници на Трезорот на САД (U.S. Department of the Treasury), Канцеларија за техничка помош (Office of Technical Assistance – OTA).

    На средбата беше потврдена континуираната и конструктивна соработка помеѓу Министерството за финансии и Трезорот на САД , насочена кон унапредување на управувањето со јавните финансии, јакнење на капацитетите на институциите и модернизација на финансиските системи.

    Во фокус на разговорите беше напредокот во реализацијата на тековните проекти за техничка помош во областите на управување со јавниот долг, развој на пазарот на државни хартии од вредност, даночната и царинската администрација, како и зајакнување на системите за финансиски надзор и борба против финансиски криминал.

    Посебен акцент беше ставен на активностите поврзани со развоjот на новата платформа за аукции на државни хартии од вредност, при што беше истакната важноста од понатамошна координација со сите релевантни институции и партнерите од Трезорот на САД, со цел навремена и успешна имплементација на современо, ефикасно и транспарентно решение.

    „Техничката соработка со Трезорот на САД е клучна за модернизацијата на јавните финансии и унапредувањето на пазарите на капитал во земјата. Заеднички работиме на конкретни решенија, од нова платформа за аукции на државни хартии од вредност до зајакнување на даночната и царинската администрација, со цел поголема ефикасност, транспарентност и стабилност на системот“ истакна министерката.

    Исто така, беше разгледан напредокот во реформите во даночниот и царинскиот систем, унапредувањето на управувањето со ризици, дигитализацијата на процесите, како и јакнењето на институционалните капацитети преку обуки и пренос на меѓународни добри практики.

    На средбата беше истакната заедничката заложба за продлабочување на соработката, како и поддршката на реформските процеси кои придонесуваат за поголема фискална стабилност, ефикасност на јавните финансии и економски раст.

    Министерката Димитриеска-Кочоска нагласи дека стратешкото партнерство со Трезорот на САД претставува значаен поттик за унапредување на јавните финансии и институционалните капацитети во земјата.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.