Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска на одблежување 24 години од формирање на Централниот регистар: Силни институции се клучни за креирање поволна деловна клима

    Димитриеска-Кочоска на одблежување 24 години од формирање на Централниот регистар: Силни институции се клучни за креирање поволна деловна клима

    24.09.2025 во 14:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Централниот регистар одбележа 24 години постоење. Минстерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на одбележувањето истакна дека Централниот регистар претставува столб на економската и правната инфраструктура и е клучна алка во креирањето поволна деловна клима, унапредување на транспарентноста и заштитата на правата на правните и физичките лица.„Вмрежувањето и заедничкото градење на институционални капацитети се клуч за силно и активно граѓанско општество. За да изградиме функционална пазарна економија што се темели на знаење, иновации и одржлив развој, мора да имаме силни институции и здрава деловна клима. Токму затоа, соработката со Централниот регистар е од суштинско значење„ потенцира министерката Димититриеска-Кочоска.Таа наведе дека во изминатиот период Централниот регистар се етаблираше како доверлива и современа институција, којашто има значајна улога во изградбата на ефикасен, транспарентен и модерен институционален систем и дека преку водењето на различните регистри  обезбедува темелна поддршка за функционирањето на пазарната економија, заштитата на инвестициите и довербата во институциите и придонесува за зголемена правна сигурност и побрз економски развој.Министерката истакна дека со цел обезбедување статистички податоци и показатели за државната економија, кои ќе се користат за пресметка на индикаторите за мерење на обемот и за редовно следење на неформалната економија, ќе се работи на усовршување на системите за генерирање, следење и мерење на показателите за правните субјекти, кои имаат влијание во формирањето поволна деловна клима за инвеститорите.Димитриеска-Кочоска ја потенцира и важноста на Централниот регистар во борбата против сивата економија, зголемувањето на фискалната дисциплина и унапредувањето на деловната етика.„Мисијата на Министерството за финансии е преку успешно управување на јавните финансии да се постигне повисок економски пораст и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Македонија. Во таа насока се преземени голем број иницијативи за подигање на нивото на финансиска писменост на населението и за поголема финансиска вклученост во земјата, особено на младите. Во таа насока ги поздравувам  иницијативите и на Централниот регистар сè со цел да дадеме сè од себе како институции во процесот на охрабрување на младите да водат сопствен бизнис“, рече министерката за финансии Димитриеска-Кочоска на одбележувањето 24 години од формирањето на Централниот регистар на Македонија.На свеченоста се обратија и премиерот Христијан Мицкоски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорката на Централниот регистар Анита Стамнова.

    Прочитај повеќе

    Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо

    25.08.2026 во 22:26

    OnlyFans има само 47 вработени – лани направиле над 700 милиони долари профит

    25.08.2026 во 20:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.