Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска порача дека нема место за паника во домашната економија поради случувањата на Блискиот Исток. Таа нагласи дека состојбата се следи на дневна основа и дека власта е подготвена да реагира согласно законите доколку се појави потреба.
„Рано е да се прогнозира колку ќе трае оваа ситуација. Нафтата денеска е под 75 долари за барел, а некои прогнози велат дека кризата ќе заврши брзо. Не би сакала однапред да зборувам за песимистички сценарија, законот е јасен и предвидува точно во кои услови може да се направат промени“, изјави министерката.
Таа појасни дека Министерството за финансии не предлага кризни состојби, туку тоа го прават ресорните министерства врз основа на анализи. Доколку кризата потрае, министерката најави дека проекциите ќе се коригираат со претстојниот ребаланс на буџетот.

