ДИК го усвои финансискиот извештај за реализираните средства за изборите за градоначалник во Општина Центар Жупа

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го усвои финансискиот извештај за реализираните средства за изборите за градоначалник во Општина Центар Жупа, а исто така е донесена одлука со која се предвидува работно место државен службеник за унапредување на родова еднаквост и спроведување на обуки и тренинг центар.

За организација и спроведување на овие изборите во Центар Жупа се потрошени 14,7 отсто од одобрените буџетски средства што биле наменети за изборите за градоначалник во општините Центар Жупа и Маврово Ростуше.

ДИК, исто така, усвои Правилник за измена на систематизацијата на работните места во стручната служба согласно Родовиот акциски план 2021-2024 во насока на подобрување и унапредување на родовата еднаквост во институцијата и стручната служба, со што е предвидено воведување работно место на државен службеник за унапредување на родова еднаквост и спроведување на обуки и тренинг центар. 

03.06.2022 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега