Close Menu
Press24
    Најново

    Жерновски поднесува претставка до Судскиот совет за изјавите на Митева за незавршена судска постапка

    20.02.2026 во 14:00

    Трагедија: Метален профил усмрти 23-годишен работник од Велес на објект во изградба

    20.02.2026 во 13:58

    Хоџа: Трајно ги решаваме инфраструктурните потреби на жителите на Сарај

    20.02.2026 во 13:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Жерновски поднесува претставка до Судскиот совет за изјавите на Митева за незавршена судска постапка
    • Трагедија: Метален профил усмрти 23-годишен работник од Велес на објект во изградба
    • Хоџа: Трајно ги решаваме инфраструктурните потреби на жителите на Сарај
    • Андоновски на средба со амбасадорката на САД, Варнс: Потврдена соработката со САД во делот на сајбер-заштитата
    • Обвинителство ја откри шемата за случајот со марихуаната: Отворена истрага против шест лица
    • Младите ја преземаат улогата на двигатели на променни
    • Алиу: Подготвивме значајни измени на Законот за здравствена заштита – сите засегнати страни имаат можност да достават предлози на ЕНЕР
    • Викендов снег
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДИК ги одби трите приговори на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во Шуто Оризари

    ДИК ги одби трите приговори на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во Шуто Оризари

    06.11.2025 во 20:55
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница одби уште три приговори поднесени од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кои се однесуваа на гласањето на избирачки места во Општина Шуто Оризари.

    За оваа општина вкупно се поднесени 13 приговори – 10 од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и три од Сојузот на Роми.

    Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, по увидот во изборниот материјал и биометриските податоци, истакна дека не се утврдени несовпаѓања ниту во гласачкиот материјал ниту во резултатите за избирачките места 2971/1, 2973 и 2959/1.

    „Увидот не покажа никакви несовпаѓања, а бројките од фингерпринт уредите се совпаѓаат со податоците во записниците. Нема услови за прифаќање на приговорите“, изјави Кондарко.

    Претставниците на коалицијата „Твоја Македонија“ тврдеа дека нивните овластени лица не добиле можност да внесат забелешки за неправилности во записниците од гласањето и дека во дел од нив се направени незаконски корекции без потпис на претседателот на избирачките одбори.

    Сепак, според ДИК, не постојат основи за отворање на избирачкиот материјал и не се утврдени никакви несогласувања меѓу податоците во записниците и биометриските уреди.

    Со тоа, и овие три приговори беа одбиени како неосновани.

    Популарно

    „Сејф Сити“ не простува: Казна од 45 евра ако влезете на зелено, а останете заглавени среде крстосница

    19.02.2026 во 23:16

    Тешка сообраќајка во Скопје: Мотоциклист повреден по удар од отворена врата на Пежо

    19.02.2026 во 23:13

    УХМР со најава: Ќе истури дожд

    20.02.2026 во 08:00

    Драма во автобус на ЈСП – Претепани две млади момчиња

    20.02.2026 во 08:22

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.