Close Menu
Press24
    Најново

    Семејство македонски иселеници во Италија се загинатите во сообраќајката во Словенија

    28.08.2026 во 11:50

    Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Словенија

    27.08.2026 во 20:35

    Се уште не се идентификувани тројцата Македонци кои загинаа во сообраќајката во Словенија

    27.08.2026 во 22:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВИДЕО: Од Аудито не остана ништо – словенечката полиција објави детали за сообраќајката
    • Трамп се прогласи за најголемиот Претседател во американската историја
    • Семејна драма во Македонска Каменица: Ја тепала свекрвата па со нож го погодила свекорот
    • Трагедија во Охрид: Паднал од бандера и починал
    • Над 30 земји бараат свои исчезнати државјани во Непал
    • Родителите носеле појаси а децата не – словенечките медиуми со реконструкција на сообраќајката
    • Се молиме, по потекло се од тука, живеат во Равена – Центар Жупа во црно по сообраќајката во Словенија
    • Очекувам младите да се вратат – ни на Запад животот веќе не е како порано
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 повторно во Скопје – 1 и 2 октомври во Музејот на современата уметност

    Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 повторно во Скопје – 1 и 2 октомври во Музејот на современата уметност

    21.09.2025 во 12:082 Mins Read
    Стефан Андоновски, министер за дигитлна трансформација
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за дигитална трансформација, на прес конференција, ја најави организацијата на Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025, кој повторно ќе се одржи во Скопје, на 1 и 2 октомври 2025 година, во Музејот на современата уметност.

    Ова регионална платформа ги поврзува владите од регионот, деловната заедница, академијата и меѓународните партнери со цел забрзување на дигиталната трансформација во регионот.

    Самитот ќе биде организиран на две сцени – главна и технолошка, со три носечки приоритети:

    •     Дигитален паричник – сигурен и препознатлив пристап до јавни и приватни услуги.

    •     Интероперабилност – поврзување на системи и регистри за прекугранични електронски услуги.

    •     Сајбер-безбедност – заштита на личните податоци и критичната инфраструктура.

    На технолошката сцена ќе бидат отворени теми за вештачка интелигенција, 5G и оптичка инфраструктура, дигитални вештини и пристапот на регионалните компании до единствениот европски дигитален пазар.

    Министерот подвлече дека се очекуваат повеќе од 800 учесници и говорници, меѓу кои: претседателот на Владата Христијан Мицкоски,  министри од Црна Гора, Албанија, високи претставнци од Србија, Косово, Босна и Херцеговина, високи претставници на Европската комисија, Регионалниот совет за соработка (RCC), ITU, бизнис секторот од регионот и други меѓународни организации. Меѓу најважните гости и говорници ги очекуваме и Ренате Николаи (DG CONNECT), генералниот секретар на RCC Амер Капетановиќ, заменик-генералниот секретар на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) Томас Ламанускас, видео-обраќање од Томас Јарзомбек (Парламентарен Државен секретар на СР Германија), како и од приватниот сектор Свјатослав Сењута од VISA, Марк Васич од Дојче Телеком и Кејт Марш од British Council.

    Министерот Андоновски, подвлече дека самитот има исклучително значење затоа што ќе го продолжи „Нашите напори за понатамошно намалување на роаминг трошоците WB6–ЕУ со патека кон „роаминг како дома“, за 0 трошоци за интернет за македонските и граѓаните од Западниот Балкан кога патуваат во ЕУ.“

    Прочитај повеќе

    Очекувам младите да се вратат – ни на Запад животот веќе не е како порано

    28.08.2026 во 13:50

    Македонија веќе има еден дата-центар во Прилеп

    28.08.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.