Close Menu
Press24
    Најново

    Земјотрес ја погоди Србија

    29.10.2026 во 22:57

    Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора

    29.10.2026 во 22:56

    Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен

    29.10.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Бројот на жртвите од железничката несреќа во Шпанија се искачи на 74, истрагата ги утврдува причините
    • Ја бранел ќерка си од бившиот партнер, па завршил избоден – хорор во соседството
    • Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Детето во Чаир било прободено директно во срцето: Приведени пет лица, Тошковски вели – „еден од најтешките предизвици“

    Детето во Чаир било прободено директно во срцето: Приведени пет лица, Тошковски вели – „еден од најтешките предизвици“

    02.09.2026 во 08:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонската јавност е потресена по веста за 13-годишното дете во Скопје кое при тепачка со врсници било прободено со нож во пределот на срцето.

    Детето било избодено за време на тепачка на улицата „Македонско-косовска бригада“ во скопски Чаир. Во инцидентот учествувале пет лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице. Според информациите од истрагата, во пресметката биле употребени ножеви и безбол-палки.

    Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишно лице, за кое постои сомнение дека сторило кривично дело „Насилство“ од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

    Осомничениот и неговиот малолетен брат, кој е под законската граница за кривична одговорност, преземале дејствија на насилство при кои со убоди од нож биле нанесени тешки телесни повреди на едно дете и едно полнолетно лице. Полесно било повредено уште едно дете.

    Министерот за здравство Сашо Клековски вчера на прес-конференција информираше дека состојбата на 13-годишното момче е сериозна.

    „Детето вчера беше оперирано. Сепак, имаше директен срцев удар и сега е на интензивна нега“, рече Клековски.

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека пет лица биле приведени во врска со нападот со нож во Чаир. Според него, сите учесници во инцидентот се обезбедени од полицијата, додека повреденото дете е во многу тешка здравствена состојба и се бори за живот.

    Тошковски посочи дека според првичните информации, осомничениот за нападот е малолетник и дека и тој и тешко повреденото дете се родени во 2012 година.

    Случајот, според Тошковски, претставува еден од најтешките предизвици поврзани со малолетничкото насилство и бара поширок институционален одговор.

    Тој порача дека во справувањето со ваквите случаи треба да бидат вклучени родителите, центрите за социјална работа, МВР, министерствата за социјална политика, образование и здравство, како и здравствените институции.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Ученик допирал соученичка за време на голем одмор во училиште во Центар – мајка пријавила во полиција

    29.10.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.