Детето што изгоре не било пријавено како проблематично- семејството само што се доселило во зградата во Гостивар

 

Пред само десетина дена, седумгодишното дете што изгоре денеска, мајката и три браќа-сестри од една ипол до 5 годишна возраст се доселиле во станот што изгоре денеска во Гостивар. Тие биле од Ресен. Сите четири се родени во вонбрачна заедница, самохраната мајка ги чувала сама своите четири деца, дознава СДК.МК“

Од порталот пишуваат дека  првичните сознанија за денешната трагедија во Гостивар што ги споделила директорката на Центарот за социјални работи (ЦСР) на Гостивар Магдалена Савеска околу мајката со четири дечиња во чиј стан, најверојатно под кирија, изгоре едно од четирите деца, додека било врзано со синџир, зашто било насилно.

-Никакви социјални права, детски додаток, детска заштита или кое било друго право или услуга не користела мајката некогаш од државата, вели Савеска.

„Немавме никакви сознанија, ни од социјален аспект, ниту од било каков друг за ова семејство. Не постојат дојави ниту од соседи, ниту пак се некогаш евидентирани во МВР за какви било проблеми. Не постои пријава за мајката за родителска негрижа. Семејството е по потекло од Ресен. Скоро дошле во Гостивар, пред 10-ина дена. Претходно биле сместени во друг стан. Децата се од вонбрачна заедница, сама е мајката, нема татко со нив. Има само една евиденција, за упис на сега починатото детенце на училиште. Ништо друго нема ни како проблем, ни како барање, ни обраќање од нивна страна до државата“, вели директорката Савеска, пренесе СДК.МК.

Таа нагласи дека мајката била во трауматски шок, што сега не е возможно на тоа да се даде одговор дали и кој го врзал детето.

Првичните сознанија на лекарскиот тим на лице место упатуваат на тоа дека детето за време на пожарот било врзано со ланец на нозете. Според исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно. Обвинителството ги презема сите дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност.​

Центарот за социјална работа од Гостивар обезбедил сместување и соодветна грижа за членовите од семејството кои живееле во опожарениот стан.

 
 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2021 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега