Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Детето е во вештачка кома” – Најнови детали за повредените во несреќата на враќање од Острог

    „Детето е во вештачка кома” – Најнови детали за повредените во несреќата на враќање од Острог

    17.07.2026 во 09:023 Mins Read
    VATROGASNA JEDINICA KOTOR
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мултидисциплинарен медицински тим од Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) Ниш денеска ќе биде испратен со авион на Владата на Србија во Црна Гора, со цел да ги преземе пациентите повредени во тешката сообраќајна несреќа што во неделата се случи на магистралниот пат Липци–Грахово, изјави синоќа д-р Александар Николиќ од оваа здравствена установа.

    „Генералниот директор Милан Лазаревиќ формираше медицински тим од 10 лекари од различни специјалности, согласно потребите на повредените граѓани. Планирано е утре во текот на денот, трипати со авионски превоз, со авион на Република Србија, да одиме до Тиват и назад. Нашата задача е безбедно да ги транспортираме повредените граѓани од Тиват до Ниш, а потоа од нишкиот аеродром безбедно да ги пренесеме во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде ќе продолжи соодветната нега и рехабилитација“, изјави Николиќ, пренесуваат агенциите.

    Тој изрази благодарност до колегите од Црна Гора кои им помогнале на повредените, како и до сите вработени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш кои денеска ќе учествуваат во медицинскиот транспорт.

    „Со ова покажавме дека Република Србија, градот Ниш и Универзитетскиот клинички центар, како терцијарна здравствена установа на чело со професорот Лазаревиќ, покажуваат заедништво и дека приоритет секогаш е квалитетот на здравствената заштита што им се обезбедува на пациентите“, рече Николиќ.

    На прашањето колку пациенти има и каква е нивната состојба, Николиќ одговори дека во Црна Гора моментално на лекување се осум пациенти, од кои речиси сите имаат одредени повреди.

    „Четворица пациенти имаат тешки телесни повреди. Едно момче се наоѓа во вештачка кома и е на механичка вентилација. Кога неговата состојба ќе биде задоволителна, ќе биде транспортирано, зависно од неговата здравствена состојба, или во Ниш или во Белград. Останатите пациенти сите ќе бидат транспортирани во Универзитетскиот клинички центар во Ниш и се надевам дека уште утре во текот на денот сите ќе бидат безбедно хоспитализирани“, изјави Николиќ.

    Тој додаде дека очекува денеска седум пациенти да бидат примени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш.

     15 јули, беше прогласен за ден на жалост во Ниш, по страшната несреќа кога минибус со срспки туристи, на 12 јули излета и се преврте на магистралниот пат Котор–Никшиќ, во местото Липци, Црна Гора.

    Девојката која загина во тешката сообраќајна несреќа во Црна Гора, во која 16 лица беа повредени, е 21-годишната Јована Станковиќ од нишкото село Вртиште. Таа беше погребана на 16 Јули.

    Според првичните информации од истрагата, постои сомнеж дека возачот поради замор и поспаност изгубил контрола над возилото.

    Од црногорската полиција информираат дека со минибусот управувал 68-годишен маж од Котор. Возилото најпрво удрило во карпа покрај патот, по што се превртело.

    Несреќата се случила околу 13:10 часот, додека групата српски државјани се враќала од поклоничко патување во манастирот Острог.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Маж со речиси 3 промили алкохол ја претепал сопругата на пазар – ужас во соседството

    23.09.2026 во 15:36

    Шок промена: Пред неколку дена 30 степени, сега само 4 – УХМР ги измери температурите претпладнево

    23.09.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.