Двајца скопјани повредени во сообраќајка на „Борис Трајковски“, потврди МВР

Двајца скопјани се повредени во сообраќајна незгода што утрово се случила на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, во која учествувале товарно возило и два автомобили.

Од МВР за „Фокус“ информираат дека незгодата била пријавена денеска околу 06:50 часот во СВР Скопје.

Во сообраќајката учествувале товарно моторно возило „МАН“ со полуприколка, управувано од 59-годишен скопјанец, автомобил „Сеат“, управуван од 29-годишен скопјанец, и „Фолксваген Пасат“, управуван од 48-годишен скопјанец.

Во незгодата биле повредени возачите на „Сеатот“ и „Пасатот“. Двајцата биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што им била укажана лекарска помош.

Exit mobile version