Детали за сообраќајката во Кисела Вода: Две лица со Брза помош однесени во болница
Сообраќајна несреќа се случи вечерва во скопската населба Кисела Вода на крстосницата на булеварот „Борис Трајковски“. Во несреќата учествувале џип „БМВ Х6“ и „опел астра“.
Со возила на Итната медицинска помош две лица биле однесени во болница. Засега не е позната здравствената состојба на двајцата повредени.
01.07.2020 - 22:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа