Мал спортски авион денеска околу пладне паднал во водите на Мавровското езеро, во близина на браната „Белички канал“.
Во леталото се наоѓале двајца државјани на Косово, пилотот Д.М. (64) и патникот Џ.П. (41). За среќа, и двајцата успеале да излезат од авионот по падот и да стигнат до копното.
Тие се здобиле со телесни повреди и веднаш се пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар за укажување лекарска помош.
„Денеска (12.12.2025) во 12:35 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар е пријавено дека во Мавровското езеро… паднал мал спортски авион. Според пријавеното, од авионот на копното успеале да излезат двајца косовски државјани“, информираат од полицијата.

