Денот на инаугурацијата сепак не помина без инциденти: Антифа го нападна седиштето на Демократите - полицијата употребила и димни бомби (ВИДЕО)

Протестирајќи против инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден, приврзаниците на Антифа го нападнаа седиштето на Демократската партија во Портланд и организираа демонстрации во други градови низ Америка.

Полицијата соопшти дека група од околу 200 демонстранти кршат излози на демократите во канцеларијата и печатат анархистички пораки и симболи. Една од пораките оставена гласи: „F*ck Biden“

За време на денот на инаугурацијата, демонстрантите маршираа низ Портланд, носејќи транспаренти на кои, меѓу другото, пишуваше: „Не го сакаме Бајден - сакаме да се одмаздиме! За полициски убиства, империјалистички војни и фашистички масакри “.

Според полицијата, тие биле една од најмалку четири групи што планирале да организираат протести во Портланд.

Полицијата се обидела да им ги одземе транспарентите за кои се верува дека се користат како оружје, но не успеале затоа што демонстрантите почнале да маваар со предмети, додека пак полицијата употребила димни бомби.

Демонстрантите излегоа и на улиците на Колумбос, Денвер, Сакраменто и Сиетл. Тие ги ишарале згради со пароли против полицијата и запалиле и  американски знамиња. Според локалната полиција, двајца демонстранти биле уапсени.

За време на протестот се извикуваа пароли со кои се осудуваат и републиканците и демократите.

Во Сакраменто демонстрантите скандирале против имиграцијата и Царинската управа.

„Нема затвори, нема sидови - воопшто нема САД“, скандираа демонстрантите, пишува „Дејли меил“.

Поранешниот претседател Доналд Трамп имал намера да ја прогласи Антифа за терористичка група, обвинувајќи ја за немири и насилни протести низ целата земја.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа