Close Menu
Press24
    Најново

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска се потпишува договорот: По години чекање, стартува изградбата на автопатот Скопје–Блаце

    Денеска се потпишува договорот: По години чекање, стартува изградбата на автопатот Скопје–Блаце

    06.07.2026 во 08:052 Mins Read
    Мицкоски Христијан
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Владата денеска ќе биде потпишан договорот меѓу Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за грант-средства наменети за изградба на автопатот Скопје–Блаце. На настанот, кој ќе се одржи во 11 часот, ќе се обрати и премиерот Христијан Мицкоски.

    Премиерот минатата недела соопшти дека е завршена постапката за избор на изведувач и дека со денешното потпишување на договорот ќе се создадат услови градежните работи да започнат уште во текот на овој месец.

    Според него, станува збор за инфраструктурен проект што со години бил одложуван, а Владата има цел конечно да ја реализира оваа делница.

    Вториот дел од автопатот, долг 10,5 километри, ќе го гради конзорциум предводен од домашната градежна компанија „Гранит“.

    Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски претходно најави дека изградбата ќе започне летово и изрази очекување целиот проект да биде завршен за околу три и пол години. Според него, трасата ќе опфати пет тунели, две галерии, 12 мостови и десетици други придружни објекти.

    Николоски оцени дека изборот на домашна компанија за изведувач претставува силен сигнал дека македонските градежни фирми имаат капацитет да реализираат големи инфраструктурни проекти.

    Автопатот Скопје–Блаце ќе биде долг вкупно 12,5 километри. Од 2020 година се работи на првата делница, долга 2,5 километри, додека новиот договор се однесува на изградбата на преостанатиот дел од трасата.

    Овој патен правец е дел од значаен регионален коридор што ја поврзува Македонија со Косово, а преку него и со Црна Гора и пристаништето Бар. Се очекува неговото завршување да го олесни патничкиот и товарниот сообраќај и да придонесе за подобро економско поврзување на регионот.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Кузеска: По падот на Вучиќ, пари од Алта банка се префрлаат во Македонија

    28.10.2026 во 11:25

    Герасимовски со стипендии за осум ученици: По 4.500 денари месечно за полесно школување

    28.10.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.