Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Наместа врнежите се очекува да бидат пообилни, со услови за појава на невреме, проследено со грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.

Максималната температура ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде 9, а максималната ќе достигне до 18 степени.

УХМР најавува дека во недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Клучна промена доаѓа на повисоките планини, каде поради продор на постудена воздушна маса, дождот ќе премине во снег.

Во понеделник и вторник се очекува значително опаѓање на утринските температури. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат кон средината на следната седмица.

Exit mobile version