Close Menu
Press24
    Најново

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ден на промени: Прочитајте го вашиот дневен хороскоп

    Ден на промени: Прочитајте го вашиот дневен хороскоп

    04.10.2026 во 11:183 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Хороскоп за недела, 4-ти октомври 2026 година:

    ОВЕН
    Иако сте родени како борец, поседувате срце на некој кој посакува мир. Денес ќе посакувате да водите, а со тоа ќе бидете склони кон соработка. Ќе ги пронајдете сите одговори на прашањата кои ве интересираат.

    БИК
    Денес е одличен ден за да ја завршите работата која одамна сте ја започнале и ја одложувате веќе долго. Ќе бидете изненадени од вашата продуктивност. Ќе бидете оранизирани и ќе доведувате се во ред.

    БЛИЗНАЦИ
    Денес Венера е на ваша страна, а тоа ќе го истакне вашиот шарм и ќе успевате да продрете до сечие срце со вашите зборови. Ќе имате моќ да ги убедувате другите. Вашите идеи ќе бидат пофалени и наградени.

    РАК
    Денес ќе бидете преокупирани со деталите. Ќе барате постојано уверување дека се наоѓате на вистинскиот пат. Ќе ги преиспитувате сопствените уверувања и мотивации. Ќе остварите добивка од некоја работа за која не сте полагале голема надеж.

    ЛАВ
    Доколку долго време сте биле во конфликт со некој близок, денес конечно ќе го решите проблемот и ќе постигнете примирје. Превземете иницијатива, но немојте да бидете премногу нападни. Во секторот на врските интимноста се зголемува, а со тоа и желбата за романтични мигови со партнерот.

    ДЕВИЦА
    Денес е одличен ден да ги завршите сите заостанати обврски. Венера ќе ве благослови со шарм, а тоа ќе ви биде од огромна помош на деловното место каде ќе освојувате се пред себе. Вашите колеги ќе бидат воодушевени од вашите идеи, време е да истапите од сенката.

    ВАГА
    Доколку сте чувствувате тензичност со некој ваш пријател кој можеби е воздушен знак, денес конечно ќе направите примирје. Внимавајте на вашите зборови, можно е да зажалите подоцна. Ќе успеете во некое групно натпреварување или ќе се истакнете во некоја групна активност.

    ШКОРПИЈА
    Денес месечината влегува во вашиот сектор на странста. Ќе бидете сконцентирани на тоа да изгледате убаво и да се чувствувате пријатно во својата кожа. Ќе бидете лесно заведени и во главата ќе ви се вртат романтични сценарија со партнерот, ви претстои забавна вечер.

    СТРЕЛЕЦ
    Ако веќе долго време ги криете вашите чувства спрема некој и се двоумите дали да ги искажете, денес е вистинскиот ден да го сторите тоа. Оние кои се во врска или брак, долго време го занемарувале партнерот. Денес ќе бидете особено енергични, искористете ја енергијата така што ќе бидете продуктивни.

    ЈАРЕЦ
    Денес ќе сакате да побегнете од обврските. Ќе сакате банални разговори без многу преоптеретување со длабоки теми. Некои Јарци ќе откријат некоја долго сокривана тајна, други ќе дадат совет кој некому многу ќе му користи.

    ВОДОЛИЈА
    Вашата креативност денес ќе биде на врвот. Ќе правите се со ентузијазам и леснотија. Што се однесува до правењето планови за иднина, ќе се стремите кон практичност и остварување на поголема добивка. Внимавајте пред да донесете конкретна одлука.

    РИБИ
    Денес ќе се грижите за туѓите чувства и емоции и ќе сакате да им помагате на другите. Вие сте емпат, а со тоа мора да се заштитите себеси од туѓата негативност, затоа не му дозволувајте на секого пристап до вашето срце. Доколку е возможно, носете камен аметист со себе. Опкружете се со енергични и позитивни луѓе, ќе имате незаборавен ден.

    Прочитај повеќе

    Игор Џамбазов домаќин на боемите, македонскиот шоумен во поддршка на македонската музика

    28.10.2026 во 09:51

    Дневен хороскоп: Овенот да избегнува шопинзи, Вагата ја очекува важен разговор

    28.10.2026 во 09:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.