Вчера во 19:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода К.Л.(36) од Демир Капија и нејзиниот 14-годишен син, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 68-годишен поранешен свекор дека неговиот 14-годишен внук, под влијание на неговата мајка, од неговиот дом му одзел околу 17.300 евра и ги однел кај неговата мајка.
За настанот бил известен јавен обвинител, Центар за социјални работи и адвокат за малолетници, во чие присуство бил извршен разговор со малолетникот. К.Л. била задржана во полициска станица.
По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа
- Николова: Со вториот ребаланс власта ги крати парите за реконструкција на училишта, студентски и ученички домови
- Лавров: Русија не гледа суштинска промена во ставот на европските земји кон конфликтот во Украина
- Неочекувана понуда од Кремљ: Путин му гарантира целосна безбедност на Зеленски доколку ја посети Москва
- Петмина повредени во сообраќајна несреќа во Струмица
- Путин ја предупреди Европа: Со санкциите врз рускиот гас Европската Унија сама си ја копа сопствената јама
- Големо враќање: Велика Британија од 1 јануари повторно се приклучува на програмата „Еразмус плус“
- Финансиско закрепнување на „Боинг“: Компанијата ја стопи минатогодишната огромна загуба и пријави нарачки од 745 милијарди долари

