Поради два одделни дефекти на водоводната мрежа, денеска, 28 октомври, има прекин во водоснабдувањето на повеќе локации во Скопје.
Поради уличен дефект на улицата 30 во Радишани, без вода се корисниците на истата улица. Прекинот започнал во 08:45 часот и ќе трае до завршување на санацијата.
Дополнително, поради дефект на приклучна цевка со профил Ф1“ на улицата „Аврам Писевски“ бр. 54а, прекин во водоснабдувањето има и на оваа улица, како и на улиците 171, 172 и 173. Санацијата на овој дефект започнала во 08:40 часот, а водоснабдувањето ќе биде нормализирано по неговото отстранување.

