Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Деца од скопските градинки на „Движи се за здравје“ – Спорт и забава за најмалите
    • Ќе нема струја до 15 часот – Најавени исклучувања низ Скопје
    • 25 години конференции на Македонската берза: Фокус на пазарите на капитал и новите технологии
    • Цивилното воздухопловство и државната ревизија пред собраниските комисии
    • Пад на температурите уште со првиот ден од есента – УХМР со временска најава
    • Нападнат вработен во бензинска пумпа
    • „Гугл“ казнет со 403 милиони евра за следење на локацијата на корисниците
    • Софија Лорен го слави 92. роденден: Еден маж го одбележа целиот нејзин живот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Деца од скопските градинки на „Движи се за здравје“ – Спорт и забава за најмалите

    Деца од скопските градинки на „Движи се за здравје“ – Спорт и забава за најмалите

    22.09.2026 во 08:081 Min Read
    Фото: ЈУ Детски културен центар – Карпош
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Манифестацијата „Движи се за здравје“ ќе се одржи денеска по 12-ти пат, со почеток во 10 часот на Фонтаната „Лотус“. Настанот е традиционална поддршка што ја дава ЈУ Детски културен центар – Карпош во рамки на Европската недела на мобилност, која се одржува од 16 до 22 септември.

    Целта на манифестацијата е да се истакне важноста на физичката активност за правилниот раст и развој на децата, како и за унапредување на нивниот моторички развој уште од најрана предучилишна возраст, соопштија од ЈУ Детски културен центар – Карпош.

    На спортскиот настан ќе учествуваат најмалите, односно деца од скопските градинки.

    Децата преку различни вежби и активности ќе имаат можност да ги покажат својата брзина и вештина на поставените полигони, како и да возат велосипеди и тротинети и да учествуваат во други спортски активности подготвени за нив.

    Во реализацијата на манифестацијата учествуваат и студенти од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Ќе нема струја до 15 часот – Најавени исклучувања низ Скопје

    22.09.2026 во 08:06

    25 години конференции на Македонската берза: Фокус на пазарите на капитал и новите технологии

    22.09.2026 во 08:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.