Деца ја јадат храната која се остава на гробовите за Задушница: „Немаме што друго да јадеме“

 

Поради празникот Задушница, денеска на гробиштата ширум земјава луѓе доаѓа да ги посетат гробовите на најблиските.

Обичај кај нас е да се донесе храна на гробот на починатиот со цел да му се најде на оној свет.

Храната која била оставена на гробивте во Ѓорче Петров ја собирале деца, кои чекале луѓето да заминат, па го земале јадењето и го ставале во вреќи, пренесува А1он.

Откако дел од верницитер изреагирале децата возвратиле: „Немаме што друго да јадеме, мораме вака. Па подобро е ние да ја изедеме, отколку кучињата“.

Верскиот празник Задушница се одбележува денеска и утре, меѓу православните верници, како чин на достојно оддавање почит за мир и спокој на душите на починатите членови на семејствата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2021 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега