Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Даниловски: Не му можеш ништо на тигрест комарец со аеропрскање

    Даниловски: Не му можеш ништо на тигрест комарец со аеропрскање

    13.08.2026 во 23:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Аеропрскањето не значи ништо во ситуација кога имаме тигрести комарци сè повеќе, вели епидемиологот Драган Даниловски. Тој укажува на повеќе причини кои доведоа до тоа неделава надлежните прогласат епидемија на западнонилска треска во во одредени скопски општини и населби.

    „Имаме климатски промени последните години, сè повеќе се случува климатското затоплување се зголемува. Летата траат подолго, гледате што се случува со топлотните бранови. Тоа се климатски услови кои што се погодни за размножување на комарците и други инсекти, што може да бидат вектори на заразни болести. Кај нас се случи кружење на вирусот внатре во нашата територија во природниот циклус меѓу комарците и птиците како природни резервоари. Значи веќе случаите што се кај нас се веќе автохтони, наши, не се увезени. Тоа е исто така втора причина. Трета причина е веројатно, кога се планирани оние календарски дезинсекции, премногу се инсистираше на аерозапрашување или аеропрскање. Во ситуација кога имаме тигрести комарци сè повеќе, аеропрскањето не значи ништо. Тие се лоши летачи, тие се при дното на тлото, во разни грмушки, итн. и тука одозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција“,кажа Даниловски во денешното издание на Телма интервју на ТВ Телма.

    Според него, ова што сега се прави, не се превентивни, туку се противепидемиски мерки.

    Вчера, Центарот за јавно здравје – Скопје (ЦЈЗ) прогласи епидемија на западнонилска треска во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и во населбите Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино и Јурумлери.

    Надлежните посочија дека дека нема место за паника, туку за внимателност и одговорност. Повикаа граѓаните да преземаат мерки за лична заштита како носење соодветна облека и избегнување места со висока изложеност на комарци.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.