Close Menu
Press24
    Најново

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Далноводи без имотни листови, хаос во сметководството и милионски суми за неискористени кредити – Ревизија во МЕПСО

    Далноводи без имотни листови, хаос во сметководството и милионски суми за неискористени кредити – Ревизија во МЕПСО

    25.06.2026 во 11:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државниот завод за ревизија утврди сериозни системски слабости во работењето на АД МЕПСО за 2024 година. Проблемите со сопственоста на далноводите, инвестициите без документација, како и нерегуларните вработувања директно влијаат врз ефикасноста на електропреносниот систем во државата.

    Иако компанијата истата година остварила раст на приходите од својата основна дејност, во извештајот стои дека се откриени сериозни слабости во работењето.

    — Утврдени се слабости во евиденцијата и регулирањето на сопственоста на електропреносната инфраструктура, вклучително и земјиштето. Дел од имот нема уреден правен статус, а има и имот за кој нема точна сметководствена евиденција — стои во извештајот.

    Ревизорите наведуваат дека од вкупно 112 далноводи на МЕПСО, за дури 59 од нив друштвото не располага со имотни листови. Дополнително, сè уште не се решени сопственичките односи за 33 трафостаници кои се во заедничка сопственост на МЕПСО и „ЕВН Македонија“. Постојната сметководствена евиденција не овозможува да се потврди точниот број и вредност на овие објекти.

    — Далноводите и трафостаниците се евидентирани по делови, на различни сметки за градежни објекти, постројки и опрема и со неусогласени називи, поради што не е можно да се потврди нивниот број и вредност — се наведува во извештајот.

    Ревизијата открива и дека завршени проекти со вредност над 1,2 милиони евра не се ставени во употреба. Дополнително, кај проектот за далноводот ТС Валандово – ТС Милетково, МЕПСО веќе платил над 155.000 евра за провизии за одобрен заем од ЕБОР, иако изградбата сè уште не е започната. Од вкупно одобрените 102,4 милиони евра меѓународни кредити, дури 53,4 милиони евра останале неповлечени.

    — Ненавременото користење на заемите го зголемува финансискиот товар и ја забавува реализацијата на стратешките проекти за електропреносниот систем — констатира Државниот завод за ревизија.

    Сериозни забелешки има и за кадровската политика. Кај 45 нововработени лица, односно кај 65 проценти од вкупниот број нови вработувања, ревизорите утврдиле неправилности во исполнувањето на условите од јавните огласи и систематизацијата. Дел од вработените биле прераспределени или унапредени кратко време по нивното вработување.

    Воедно, се потенцира и потребата од санација на фасадата на управната зграда, која била оштетена во 2020 и 2021 година, иако за нејзина реконструкција и адаптација во периодот од 2013 до 2018 година биле потрошени околу 8,9 милиони евра.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.