Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дац ја прегрна својата помлада верзија: Каков е тој човек што не направил ниту една утка во животот?

    Дац ја прегрна својата помлада верзија: Каков е тој човек што не направил ниту една утка во животот?

    25.08.2026 во 10:222 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Како би се обратил постариот ЈАС на помладиот ЈАС. Ако би било можно…Ова на Фејсбук го напиша Драган Спасов Дац, објавувајќи фотографија направена со вештачка интелигенција.

    -Млад мој Дац,

    Застани за момент и послушај ме. Ова ти го зборува човекот кој станав благодарение на сè она што ти допрва ќе го поминеш.

    Секако дека би сакал да те осоколам и да те предупредам за некои мои грешки. Не беа тоа кобни падови што целосно го менуваат текот на животот, но сепак беа доволни за да го поместат во некоја нова насока. Насока која, верувај ми, со тек на време ќе научиш како да ја исправиш. На грешките се учи, момче мое. Така се кали човекот. И знаеш што? Сосема искрено ти признавам, некои од тие грешки со задоволство би ги повторил пак! Каков е тој човек што не направил ниту една утка во животот? Дали воопшто постои таков? Совршенството е досадно, а лузните се доказ дека си живеел.

    Мојот живот е само мој, но и на оние кои се во секој момент покрај мене. Нашата мисија е едноставна: на сите да ни биде убаво. И денес, од оваа временска дистанца, со гордост ти кажувам дека тоа е навистина така. Мислам дека успеавме.

    Затоа, мал мој Дац, терај го животот со крената глава! Диши со цела сила, со најполни гради и грабај го секој миг како да е последен. Не дозволувај деновите да ти поминат онака, неми во минливоста, како воопшто да не си бил тука. Остави трага. Сакај, греши, поправај и живеј ја секоја секунда со целото свое срце!

    Постариот Дац

    (Сликата е монтажа од мене и мене кога имав дваесетина години), напиша тој.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.