Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја шокираше јавноста со своите изјави за време на велигденскиот ручек во Белата куќа. Повлекувајќи паралела меѓу себе и влегувањето на Исус во Ерусалим, Трамп пред гостите се пожали дека неговите овластувања се ограничени и дека како „крал“ би имал многу поголема моќ.
Причината за неговиот гнев е неодамнешната судска одлука со која му беше стопиран еден од неговите најекстравагантни проекти.
„Сега ме нарекуваат крал, верувате ли во тоа? Но, јас сум таков крал што не може да добие дозвола ниту за балска сала. Да бев вистински крал, би можел да направам многу повеќе“, изјави Трамп во свој стил.

