Д-р Стојанов: Вирусот е шири во Тетово затоа што таму има најмногу свадби

Сè уште не би рекол дека станува збор за четвртиот бран на вирусот, иако сега за разлика од пред десеттина дена бројот на новозаразени е поголем. Но, тоа не значи дека нема да ни се случи, изјави доктор Александар Стојанов за Фактор.

-Новозаразените се генерално концентрирани во Тетово, многу малку се евидентираат во Скопје, и во некој од другите градови. Според моите проценки, тоа е така бидејќи во тетовскиот регион има многу повратници од странство и во овој период се прават свадби и други семејни прослави, собирања кои секако дека го зголемуваат ризикот од ширење на вирусот. Од друга страна пак, бројот на вакцинираните е навистина мал, посебно помладата популација, која е најактивна. Младите се дружат, патуваат, а не се вакцинирани. Таму вирусот наоѓа простор да се шири, вели д-р Стојанов.

 

14.07.2021 - 08:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега