Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цветановски: Две години со Тошковски имаме распад на безбедносниот систем и партизирана полиција

    Цветановски: Две години со Тошковски имаме распад на безбедносниот систем и партизирана полиција

    28.06.2026 во 13:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски, на денешната прес-конференција упати остри критики до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оценувајќи го неговиот двегодишен мандат како поразителен за безбедноста во државата.

    Опозицијата тврди дека наместо ветената правда и превенција, во земјата владее неказнивост и партизација на институциите.

    „Тошковски ветуваше правда. Велеше: „Брат да ми е, ќе одговара.“ По две години, никој не одговара. Нема одговорност за криминалните афери и скандали на власта. Две години МВР на Панче Тошковски не го гони криминалот. Го штити криминалот на власта“, истакна Цветановски.

    Како пример за нефункционалноста, таа го посочи случајот со поминати пет тони дрога преку границата пред шест месеци, за кои сè уште нема одговорност.

    Цветановски наведе дека граѓаните секојдневно се сведоци на убиства, вооружени пресметки и семејно насилство, при што ја издвои трагедијата во Кочани каде згаснаа 63 човечки животи, за која тврди дека постојат обиди за прикривање на функционери.

    Дополнително, таа ги лоцираше пропустите на полицијата во Скопје, каде беа убиени млада жена и дете по десет претходни пријави, како и случаите на насилство во Велес и Старо Нагоричане, каде МВР не реагирало навреме.

    „Тошковски создаде партиска полиција. Искусни полициски службеници се деградираат и преместуваат, а партиски подобните кадри се наградуваат. Нема одговорност за никој“, обвини Цветановски.

    На пресот беа споменати и случаите со лицето Симе кое пукаше со автоматско оружје, како и двајцата бодигарди на премиерот, од кои едниот продавал службени информации, а другиот добил условна казна за семејно насилство.

    На крајот, СДСМ алармираше дека власта оди чекор понатаму со воведување на државен шпионски софтвер „Pegasus“ за следење на граѓаните, заклучувајќи дека Македонија заслужува професионална полиција во која законот важи еднакво за сите.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.