Вкупно 27 пожари на отворен простор се регистрирани во изминатото деноноќие на територијата на државата. Според утринските информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), два пожара се сè уште активни, три се ставени под контрола, додека 22 се целосно изгаснати.
Активните жаришта се лоцирани во Општина Маврово и Ростуше, каде што гори шума во месноста Голем Брдаш, како и во Општина Шуто Оризари, каде што е запалена депонија зад хотелот „New Star“ кај Визбегово.
Под контрола се ставени пожарите во Општина Зелениково над селото Палиград (Преслап), во Општина Сарај кај селото Копаница, како и во Општина Струга, каде што беа опфатени подрачјата кај селата Пискупштина, Буринец и Локов.


