Close Menu
    Најново

    Трагедија: Македонецот кој се водеше за исчезнат во пожарот во Швајцарија е пронајден починат

    03.01.2026 во 15:48

    Не тргнувајте кон Грција: ГП Евзони повторно ќе биде блокиран

    03.01.2026 во 15:31

    ЦУК: Изгубен планинар на Пелистер – во тек е спасувачка акција

    03.01.2026 во 15:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Трагедија: Македонецот кој се водеше за исчезнат во пожарот во Швајцарија е пронајден починат
    • Не тргнувајте кон Грција: ГП Евзони повторно ќе биде блокиран
    • ЦУК: Изгубен планинар на Пелистер – во тек е спасувачка акција
    • Инвестиција од 80 милиони евра за водоснабдување: Мицкоски најави проекти за 80.000 домаќинства
    • Инцидент во Карпош: Куче нападнало двајца скопјани и нивните миленици
    • Сообраќаен хаос во Полошко: Верижен судир на 10 возила и серија несреќи поради замрзнати коловози
    • Тепачка во Скопје – тинејџер заврши во болница
    • Мицкоски: Втор ден, отвораме втора градинка – оваа Влада води јасна про-семејна политика
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » ЦУК ги собра институциите: Почнаа подготовките за зимата

    ЦУК ги собра институциите: Почнаа подготовките за зимата

    21.10.2025 во 16:46
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска се одржа координативен состанок со претставници од сите надлежни институции и организации, со цел подобра подготовка и координација за претстојниот зимски период. На состанокот директорот на ЦУК, Мухамед Али и заменик директорот, Трајче Јовановски, ја истакнаа важноста на навремената координација, комуникација и заедничко делување на сите институции во Системот за управување со кризи.

    Какао што информираат од ЦУК, на состанокот се разговараше за состојбата на терен, временските прогнози, состојбата на патиштата и можните појави на свлечишта и одрони, како и за нивото на водостоите на реките и другите критични точки. 

    Се разгледаа и активностите на Црвениот крст поврзани со згрижување и помош на загрозените лица и бездомниците.

    -Целта на состанокот беше зајакнување на координацијата и комуникацијата меѓу сите субјекти во Системот за управување со кризи, за навремено реагирање и преземање мерки при евентуални ризици и опасности во зимскиот период. Посебен акцент беше ставен на потребата од навремено известување, користење на бројот 112 за итни повици и размена на оперативни планови меѓу институциите, соопшти ЦУК.

    ЦУК, се нагласува во соопштението, ќе продолжи со редовно следење на состојбите и со координација на активностите со сите надлежни субјекти, со цел обезбедување навремена и ефикасна реакција во претстојната зима.

    Популарно

    Циклон носи дожд и затоплување: УХМР со прогноза за следните денови

    03.01.2026 во 12:46

    Мицкоски: Од новиот државен јавен обвинител очекувам немилосрдно да застане на страната на правдата

    03.01.2026 во 12:23

    Поларно утро со -14 степени: Денеска студено и променливо, попладне пристигнуваат врнежи на запад

    02.01.2026 во 09:32

    Хорор во регионот: Се преврте патнички автобус

    03.01.2026 во 11:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.