ЦУК: 55% од повиците на 112 се за итни случаи, полицијата со најголем дел од интервенциите

 


Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) според последниот извештај имало вкупно 1 490 повици на  Единствениот број за итни случаи 112.

- Од нив „реални“ повици биле 54,69 отсто, а 40,54 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 71,60 отсто, кон Итната медицинска помош 24,51 отсто, a кон пожарникарите 2,33 отсто од реалните повици кон 112, се вели во соопштението. 

ЦУК информира дека во последното деноноќие немало регистрирани пожари на отворено на територија на цела држава.

20.09.2024 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега