Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Црвен метео аларм низ Европа – Горештини и во регионот, па силно невреме, доаѓа и кон Македонија

    Црвен метео аларм низ Европа – Горештини и во регионот, па силно невреме, доаѓа и кон Македонија

    23.06.2026 во 09:23Updated:23.06.2026 во 09:282 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Летото штотуку започна, а Европа и регионот веќе се погодени од првиот, исклучително опасен топлотен бран.

    Додека во делови од Стариот континент се рушат температурни рекорди за јуни, метеоролозите предупредуваат дека екстремните горештини, проследени со опасни „тропски ноќи“, пристигнуваат и на Балканот.

    Франција: На сила е црвено предупредување за 39 милиони луѓе. Од викендот досега најмалку 19 лица ги загубиле животите, меѓу кои и две мали деца (на возраст од две и четири години) кои починале откако биле оставени во загреан автомобил. Во Париз се очекува да биде соборен јунискиот рекорд со 38,4 степени.

    Обединето Кралство: Се очекуваат температури до околу 40 степени, со што би бил соборен рекордот од 1976 година. Издаден е црвен метео-аларм за шест региони во Англија.

    Шпанија: Температурите се од пет до 10 степени над просекот. Во Сан Себастијан, на традиционално постудениот север, измерени се 40 степени – двојно повеќе од историскиот просек за овој период.

    Италија: Издадено е црвено ниво на предупредување за 12 градови.

    За денеска се најавени високи температури но и невреме во регионот и Македонија.

    Во Србија се најавува променливо облачно и нестабилно време, со локални врнежи од дожд и грмежи.

    Во текот на средината на денот и попладневните часови, врнежите на одредени места ќе бидат поинтензивни, со краткотрајна појава на град, со поголема веројатност во централниот, источниот и југоисточниот дел на Србија, наведува РХМЗ.

    Поради влијанието на циклон кој се движи од подрачјето на Турција, денес низ Македонија се очекува променливо и нестабилно време. Во повеќе региони ќе има врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. На одредени места временските непогоди може да бидат поизразени, со интензивен пороен дожд, силни налети на ветер и услови за појава на град. Утринските температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 28 и 36 степени.

    Во главниот град претпладнето ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Подоцна во текот на денот се очекува развој на нестабилни облачни маси кои ќе донесат дожд и грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер. Температурата во утринските часови ќе биде околу 17 степени, додека максималната дневна ќе достигне до 33 степени.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.