Црни вести за Велигден: Матеј исчезна на празник, а сега и таа почина

Маја Сопта, девојката која ѝ стана позната на јавноста по исчезнувањето на Матеј Периш, повторно е во фокусот.

Во фејсбук-групата „Молитви за Матеј“, основана за поддршка на 27-годишното момче од Сплит на кое му се губи секаква трага ноќта помеѓу 30 и 31 декември во Белград, осамна нова објава која вознемири многумина.

„Луѓе мои, почина баба ѝ на Маја Сопта. Можете овде да ѝ изразите сочуство, да не биде дека само фрлате со дрвја и камења по неа“, напиша членка на групата.

Маја преку ноќ стана омразена личност откако многумина ја обвинија дека нејзината исповед за исчезнувањето на Матеј е чиста лага.

Претходно, во исповед за ТВ Прва, изјави дека најголема болка ѝ е што истрагата потврдила дека таа е последната личност која Матеј се обидел да ја добие пред да исчезне.

„Жал ми е што не се јавив, тоа ми е најголема болка од се’.. Затоа што можеби ако ме информираше дека доаѓа во Белград, би му кажала каде да одат, што да прават“, низ солзи раскажа тогаш, покажувајќи го пред јавноста и пропуштениот повик во 22:29 часот на 30-ти декември.

Судејќи по објавите на нејзините профили на социјалните медиуми кои во меѓувреме ги избриша, Маја и нејзиниот брат, инаку близок пријател на Матеј, воделе луксузен живот.

Хрватскиот портал „Империјал“ наведе дека тие се внуци на шефот на сплитската УДБА кој наводно го поврзувале со убиство на емигранти.

24.04.2022 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега