Вчера четири лица биле лишени од слобода поради семејно насилство во Скопје, Тетово, Кичево и Куманово.
Од Министерството за внатрешни работи споделија детали за сите четири случаи.
Синоќа во 22:20 часoт во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ј.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна вонбрачна 35-годишна партнерка дека ѝ упатувал закани.
Синоќа во 20:30 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.И.(45) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговата 33-годишна сопруга дека физички ја нападнал.
Исто така синоќа во 20:10 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Б.М.(25) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата невенчана сопруга.
Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.М.(45) од Куманово затоа што агресивно се однесувал и му се заканувал на неговиот татко.
„Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави“, посочија од МВР.


