Вчера околу 13:40 часот во ОВР Виница е пријавено дека на патот Кочани – Виница, во атар на Виница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(59) од Штип и патничко возило „мазда“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.П.(65) од с.Истибања, виничко.
Во несреќата, од здобиените повреди починал 65-годишниот З.П., а лекар од Итна медицинска помош, констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „мазда“ Ж.П.(58) од с.Истибања, а со телесни повреди се здобиле, Ј.Т. и неговиот сопатник Г.Д.(65) од Штип, констатирани во Општата болница Кочани.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Виница.
- Насилства во битолски училишта: Двајца средношколци нападнати од соученици во ист ден
- Сиљановска-Давкова: Преку мајчиниот јазик се чува националната свест на Македонците во Србија
- Нафтен шок: Цената на нафтата „Брент“ проби над 100 долари по нападите во Емиратите
- Внимавајте ако патувате: Снежен колапс во делови од регионот
- Маларија во Македонија: Патници од Скопје и Куманово се вратиле заразени од Африка
- Разбиена шема за кражба на дрва во велешко: Кривични пријави за фирма од Бузалково и вработен во „Национални шуми“
- Подгответе се: Утре ќе нема струја седум часа
- Полицијата во акција: Приведени девет возачи, меѓу нив и малолетник зад воланот


