Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека поради планирани технички интервенции во електросистемот, денес (17.03.2026 година), неколку скопски општини ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Првиот прекин е во населбата Булачани, каде во периодот од 08:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „2“ околу бројот 7.

Во општина Аеродром, од 08:30 до 15:30 часот, со прекин ќе се соочат жителите на улицата „Тодор Чангов“ кај броевите 35, 37 и 39, како и дел од корисниците на главната улица.

Во општина Карпош, од 09:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе остане дел од улицата „Франц Розман“.

Истовремено, во периодот од 09:00 до 16:00 часот, планиран е прекин за корисниците од неколку села во околината на Скопје, односно Побожје, Бродец, Танушевци, Малино и Брест.

Exit mobile version