На Локалните избори 2025, само четири жени беа избрани за градоначалнички, и покрај тоа што вкупно 32 жени се натпреваруваа за оваа функција. Тоа претставува само 10,35% од сите 309 кандидати за градоначалници.
Од четирите победнички, една е избрана во првиот круг, а три во вториот:
- Кисела Вода доби градоначалничка во првиот круг: Бети Стаменкоска Трајкоска (ВМРО-ДПМНЕ).
- Во Македонска Каменица, Соња Стаменкова (СДСМ) го освои својот втор мандат во вториот круг.
- Марија Нацева (ВМРО-ДПМНЕ) победи во Неготино во вториот круг.
- Наталија Димитриева (ВМРО-ДПМНЕ) победи во Демир Капија во вториот круг.

