Четири трикови за вечера кои ќе ви помогнат да не се здебелите: Лесно се следат и ќе се чувствувате подобро следното утро

Кога сме уморни од деловни обврски и готвење, излегувањето на вечера или нарачувањето храна преку достава звучи како одлична идеја.

Но, знаеме дека повеќето оброци во рестораните се полни со празни калории, скриени шеќери и заситени масти. Ова може да биде ризик ако се обидуваме да изгубиме тежина или да одржуваме постоечка линија, особено ако следиме порестриктивна диета.

Ова е особено предизвик во зимските месеци, поради големиот број прослави кои вклучуваат изобилство на вкусна храна.

Сепак, сето горенаведено не треба да влијае на нашата одлука барем повремено да јадеме оброк што некој друг ни го подготвил. Треба само да внимаваме каква храна избираме и колку ќе јадеме, пренесува „Newsbeast“.

Нутриционистката Лиза Јанг откри како во исто време можеме да јадеме надвор и да ги изгубиме вишокот килограми.

1. Обрнете внимание на големината на порцијата

Иако можеби ви звучи чудно, дури и порција тестенини за вечера нема да ја наруши вашата исхрана.

Важно е да нарачате половина порција и да ги комбинирате тестенините со други поздрави алтернативи како што се варен и свеж зеленчук.

2. Пијте паметно

При излегувањето на вечера со членовите на семејството, пријателите или колегите често значи да се испие барем една чаша алкохол.

– Ако се обидувате да изгубите тежина, мора да се грижите за внесот на алкохол. А ако пиете, нека биде со оброк. Ако не пиете алкохол, проверете дали изборот на пијалок е најздрав. Исклучете ги газираните пијалоци – потсетува нутриционистот Јанг.

3. Јадете пред да дојдете во ресторанот

Дали некогаш намерно сте јаделе помалку во текот на денот за да можете да уживате во вечерата? Време е да се откажете од оваа навика.

– Често сме многу гладни кога доаѓаме во ресторан. Но, ако јадеме нешто здраво еден час пред пристигнувањето, нема да бидеме толку гладни кога ќе дојдеме на вечера – објаснува Јанг и додава дека прескокнувањето оброци е поврзано и со зголемување на телесната тежина.

4. Супа, чорба или салата на почетокот на оброкот

Една од првите работи што келнерот ги става на маса кога нарачуваме вечера е корпа со леб и пецива. Сепак, има многу подобри и поздрави опции наместо тесто.

– Наместо да грицкате леб со путер или пециво додека чекате да ви пристигне вечерата, подобро е да нарачате поздрава опција како супа или порција салата – советува нутриционистот Јанг.

Зеленчукот ни помага да останеме сити подолго, што е одлично кога се обидуваме да ги изгубиме вишокот килограми.

07.12.2022 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа