Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат
    • Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт
    • Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно партнерство
    • Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните денови во американската историја
    • Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Четири личности на кои треба да им простите за да продолжите напред во животот

    Четири личности на кои треба да им простите за да продолжите напред во животот

    23.02.2026 во 22:483 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Постои тивка, но моќна вистина која ретко се изговара гласно: сè додека носиме непростени рани, тие владеат со нашите животи. Повторувачките врски, шемите во кои постојано се заглавуваме, чувството дека нешто во нас „не дава мир“, честопати имаат ист корен. Непростување.

    Психолошките истражувања низ годините покажаа истото: голем дел од проблемите што ги имаме во зрелоста се црпат од минатото, од врски што никогаш не сме ги решиле целосно. Затоа постои едноставна, но никако лесна, листа од четири луѓе на кои, порано или подоцна, мора да им простите ако сакате да продолжите понатаму.

    1. Простете им на вашите родители

    Првата и најтешка ставка. Простете им на вашите родители – за сè што направиле што ве повредило. За зборовите што болеле, за недостатокот на поддршка, за студенилото, за строгоста, за грешките што оставиле трага.

    Повеќето од нашите внатрешни конфликти потекнуваат од тука: од неможноста или неподготвеноста да им простиме на нашите родители за она што сме го пропуштиле или што нè повредило. Простувањето не значи дека биле во право, ниту дека ја минимизирате сопствената болка. Простувањето значи дека престанувате да го носите тој товар.

    Можете да им пишете. Можете да им се јавите. Можете да им кажете во лице. А ако тоа не е можно – простете им во себе. Но, простете целосно. Не за нив, туку за себе.

    2. Простете им на другите

    Втората личност на која треба да ѝ простите е – секој друг. Секој што некогаш ве повредил, разочарал, предал, понижил или скршил во одреден момент од вашиот живот.

    Луѓето често велат: „Не можам да простам што ми направи“. Но, важно е да запомните едно нешто: простувањето е целосно себичен чин. Тој нема никаква врска со оној што ве повредил. Простувањето не го брише она што се случило, не ги оправдува постапките на некој друг и не значи дека треба да ја пуштите таа личност назад во вашиот живот.

    Простувањето има врска само со вашиот мир, со вашето ментално здравје и со тоа да си дозволите повеќе да не живеете во состојба на внатрешна борба. Кога простувате, го пуштате минатото да си оди, а не личноста.

    3. Простете си себеси

    Можеби најважниот чекор. Простете си себеси за секоја погрешна одлука, за секоја глупост, за секоја акција од која се срамите или ја доведувате во прашање денес.

    Секој од нас направил бесмислени, импулсивни, погрешни и неразумни работи. Секој. Без исклучок. Единствената разлика е дали ќе се осудуваме себеси засекогаш или ќе научиме да си простуваме себеси.

    Самопростувањето не е заборавање, туку прифаќање. Тоа е одлука да престанете да се казнувате себеси за верзија од себе која знаела само колку што можела во тоа време. Простете си себеси сто проценти – затоа што без тоа нема вистински раст.

    4. Извинете им се на оние што сте ги повредиле

    Последниот чекор често бара најголема храброст. Ако повредите некого – одете и извинете се. Искрено. Без изговори, без „но“.

    Неверојатно е колку многу животи се заглавени во вина и тишина едноставно затоа што луѓето немаат сила да кажат: „Жал ми е“. Потребна е храброст, карактер и емоционална зрелост за да се признае грешка.

    Една од најважните работи во животот е токму тоа – да се преземе одговорност за вашите постапки и да се признае болката што сте му ја предизвикале на другиот. Понекогаш простувањето нема да дојде веднаш. Понекогаш воопшто нема да биде таму. Но, вашата совест ќе биде помирна.

    Прочитај повеќе

    Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат

    11.09.2026 во 23:47

    Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт

    11.09.2026 во 23:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.