Чешкиот репрезентативец Јанкто обелодени дека е хомосексуалец

Чешкиот репрезентативец и фудбалер на Спарта Прага, Јакуб Јанкто (27) обелодени денеска дека е хомосексуалец, изјавувајќи оти сака „слободно“да го живее својот живот.

„Имам работа која со години ја работам најдобро што умеам, сериозно, професионално и со страст. Како и сите други, и јас сакам да го живеам својот живот во слобода. Без страв. Без предрасуди. Бес насилство. Но, со љубов. Јас сум хомосексуалец и не сакам повеќе да се кријам“, порача 27-годишниот играч за врска во видеообраќање.

Јанкто досега во кариерата има 45 настапи за репрезентацијата на Чешка на кои постигна и четири голови.

Со соопштение во врска со неговата изјава се огласи и Спарта Прага.

„Јакуб пред извесно време отворено разговараше за својата сексуална ориентација со раководството на клубот, тренерот и соиграчите. Сè останато се однесува на неговиот приватен живот. Нема дополнителни коментари. Нема дополнителни прашања. Ја има нашата поддршка. Живеј го својот живот“, кратко порача прашка Спарта. 

13.02.2023 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега