Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Целата македонска јавност ќе биде изненадена: Јаневска најавува нов „покрупен“ скандал од скандалот на Филозофскиот факултет

    Целата македонска јавност ќе биде изненадена: Јаневска најавува нов „покрупен“ скандал од скандалот на Филозофскиот факултет

    24.04.2026 во 11:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска најави дека македонската јавност наскоро ќе биде сведок на уште еден случај на сериозни неправилности во институциите. Јаневска ова го порача коментирајќи го актуелниот проблем на Филозофскиот факултет при УКИМ, каде што со години незаконски биле запишувани студенти.

    „Многу бргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност. Има многу неправилности во одредени институции, не во сите, и за нив ќе се постапува по закон. Дали била виновна администрацијата или раководството, дали некои студенти учествувале во ваквите дејства, ќе утврдат соодветните органи“, изјави министерката при посетата на Стоматолошкиот факултет.

    Станува збор за незаконско запишување на студенти на втор и трет циклус студии иако имале завршено тригодишни стручни, а не академски студии. Државниот просветен инспекторат веќе донел решение за поништување на уписите на седуммина на магистерски и четворица на докторски студии, на кои им е прекинато студирањето. Осуммина веќе имаат магистрирано, а нивниот статус останува нејасен.

    Ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова, пак, посочи дека проблемот е затекнат и се однесува на периодот меѓу 2019 и 2022 година.

    „Оваа состојба е затекната за сите нас. Се случувало во периодот помеѓу 2019 и 2022 година во едно сосема друго опкружување и друго раководство. Останува да бидеме трпеливи и да го почекаме конечниот извештај на инспекцијата и да се постапи и тогаш ќе дадеме официјално известување за исходот од целата оваа состојба“, изјави Ангелова.

    Министерката Јаневска најави дека од понеделник Министерството ќе донесе конечно решение по предметот, нагласувајќи дека законот мора да се почитува, иако изрази жалење за ситуацијата во која се нашле студентите.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.