Владата ги продолжи мерките за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизелот од 18 на 10 проценти, како и за намалување на акцизата за горивата, со рок на важење до 2 ноември 2026 година.
Информацијата преку својот профил на Фејсбук ја објави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.
Според посочувањето на министерката, целта на оваа одлука е ублажување на ценовните притисоци врз малопродажните цени на нафтените деривати и намалување на финансискиот товар врз граѓаните и стопанството.
-Продолжуваме внимателно да ги следиме состојбите на меѓународните пазари и да преземаме навремени мерки за заштита на животниот стандард и зачувување на економската стабилност – истакна министерката за финансии.

