Царовска: Ако не направиме промени во основното образование денес, нема да фатиме чекор со светот

Ако не направиме промени во основното образование денес, нема да фатиме чекор со светот, рече министерката Царовска во вечерашното гостување на ТВ Клан.

„Реформата не е козметичка. Затоа ни е потребна реформа којашто ќе направи тектонски промени. За првпат имаме реформа која се фокусира на знаењето на децата. А сето ова го нуди оваа концепција”, рече Царовска.

Царовска истакна дека главната идеја е од фактографско да се премине на учење со разбирање, а наставниците ќе имаат автономија во држењето на наставата. За првпат ќе се даде можност ученикот да избира предмети со што ќе го поттикнеме  потенцијалот на секое дете. Сето ова ќе се постигне со интеграција на предметите коешто се предлага со концепцијата. Во исто време по различни предмети ќе се изучуваат исти теми”, рече Царовска.

„Почнуваме во две одделенија, не одеднаш во целата деветолетка како што се спроведувале претходно некои реформи. Ова ни дава можност да ги надминуваме предизвиците, но и наставниците да се навикнат на новиот модел на настава”, истакна Царовска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега